Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2018

Севилја одбра напаѓач – доаѓа Абубакар

Венсан Абубакар, напаѓачот на Порто, е блиску до трансфер во Севилја за 20 милиони евра, објави „А Бола“.

Според пишувањата на весникот, „змејовите“ ја прифатиле понудата на 26-годишниот Камерунец, па останува само тој да ги договори личните услови и да ја официјализира соработката со Андалузијците.
Кога е во прашање нападот, Абубакар не беше прва опција на Севилја. Предност имаа Миши Батшуаји од Дортмунд и Макси Гомес од Селта, но бидејќи нивните трансфери се неизвесни, во клубот се решија за трета опција.
Абубакар европската кариера ја почна во Валенсија, а потоа играше за Лориен, од кого во 2014 година направи трансфер во Порто за 11 милиони евра.
Сезоната 2016/17 ја помина на заем во Бешикташ, кој со 12-те гола на 27 натпревари му помогна на клубот да дојде до титулата во Турција.

 

Најнови вести