Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2018

Шпанскиот Суперкуп во Мароко, на 12-ти август во Тангер

Прв пат во историјата на шпанскиот фудбал Суперкупот ќе се игра надвор од Шпанија.

Овој натпревар ќе биде прв официјален во сезоната 2018/19 во Шпанија, а за трофејот ќе се борат Барселона, освојувачот на двојната круна, и Севилја, финалистот на Кралскиот куп.
Фудбалскиот Суперкуп на Шпанија меѓу Севилја и Барселона ќе се игра во Мароко, соопшти вчера Фудбалскиот сојуз на таа земја. Натпреварот на програмата е на 12-ти август, во градот Тангер.
Овој натпревар ќе биде прв официјален во сезоната 2018/19 во Шпанија, а за трофејот ќе се борат Барселона, освојувачот на двојната круна, и Севилја, финалистот на Кралскиот куп.
За разлика од претходните години, кога се играа два натпревара, овој пат ќе биде одигран само еден.

Најнови вести