Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2016

Гвардиола: Не можам ништо да го научам Агуеро

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговиот удел во одличните игри на Серхио Агуеро не е голем.

Аргентинецот во натпреварот со Менхенгладбах постигна хет-трик и со тоа во вториот последователен европски натпревар даде три гола.
„Серхио е добар бидејќи е добар – беше добар со Мануел (Пелегрини), добар е во репрезентацијата, се надевам дека ќе биде добар со нас. Неговиот талент за голови во шеснаесетникот е природен, тука не можам ништо јас да го научам“, изјави Гвардиола.
„Мора да знае дека зад него е тимот кој ќе му помогне ако тој ни помогне нам, во тоа морам да го убедам, а ќе ни помогне ако продолжи да дава голови, како и сите наши напаѓачи“, додаде тренерот на Манчестер сити.
Сити го декласираше Менхенгладбах со 4-0, а во другиот натпревар од групата Ц, Барселона го декласираше Селтик со 7-0.

 

Најнови вести