Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2016

Сити и Менхенгладбах ќе играат вечерва од 20.45 часот

Дуелот меѓу Манчестер сити и Менхенгладбах е одложен за вечерва од 20.45 часот поради силните врнежи синоќа во Манчестер.

Во времето кога беше планиран натпреварот, температурата изнесуваше 18 степени, а повеќечасовниот дожд не овозможи адекватни услови за одигрување на натпреварот на стадионот „Етихад“.
Невремето го загрози и јавниот сообраќај во градот, па беше затворена навивачката зона, а 25 минути пред почетокот на натпреварот судијата Бјорн Којперс и неговите асистенти установија дека топката не може да отскокнува од теренот натопен со вода.
Поради тоа, Холанѓанецот одлучи натпреварот од групата Ц да се одложи и да биде одигран вечерва, во терминот за натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х.

Најнови вести