Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2015

Менхенгладбах остана без тренер

Менхенгладбах неочекувано се најде во Лигата на шампионите по добрите резултати во минатата сезона, а потоа неочекувано остана без тренер.

Менхенгладбах остана без тренер, стратегот Луцијан Февр, по петтото коло одлучи да поднесе оставка.
Учесникот на Лигата на шампионите во европската елита беше поразен од Севилја со 0-3 во првото коло, а во Бундеслигата во првите пет кола претрпе пет порази, по што Февр реши да се повлече од кормилото.
Менхенгладбах се наоѓа на последното место во Бундеслигата без ниту еден освоен бод.

Најнови вести