Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2016

Крај на 27 години: Грбот посилен од фудбалската љубов

Алваро Домингез, членот на Борусија Менхенгладбах, одлучи на 27 години да ја заврши кариерата поради константните проблеми со грбот.

„Не е убава веста дека сум спортски инвалид на 27 години. Се обидов сè за да бидам здрав, но залудно“, изјави 27-годишниот Шпанец кој веста ја објави на социјалните мрежи.
На Домингез последната операција на грбот му беше извршена во септември. Нему и во ноември минатата година му беше извршена истата операција.
Претходната сезона настапи само на шест натпревари за Менхенгладбах, а последниот натпревар го одигра во ноември минатата година.
Тој преку видеопорака им се заблагодари на навивачите на Борусија Менхенгладбах, но и за поддршката на неговиот претходен клуб Атлетико Мадрид.
„Денес, на сите вас, но и на спортот кој беше моја страст морам да ви кажам збогум“, изјави фудбалерот на Менхенгладбах.
Домингез играше за сите младински селекции на Шпанија, а имаше и два настапи за репрезентацијата А.