Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2012

Баерн го загуби Ван Бајтен на подолго време

Освен што беше поразен од Борусија Менхенгладбах (3-1) во 18 коло од Бундес лигата, Баерн се чини дека на подолг период ќе биде и без искусниот одбранбен фудбалер Даниел ван Бајтен.

Белгискиот интернационалец мораше да го напушти теренот во „Борусија парк“ во 76 минута, а по првите прегледи докторите на Баерн се сомневаат дека ја скршил метатарзалната коска во стапалото. Денеска Ван Бајтен ќе биде детално прегледан и ако се оправдаат сомневањата, тој може да отсуствува од терените во следните два месеци.
Во ваква ситуација не е исклучено Баварците до крајот на зимскиот преоден рок да побараат замена за Белгиецот кому му истекува договорот на крајот на сезоната.

Најнови вести