Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2011

Хамбургер го отпушти Енинг

Фудбалскиот клуб Хамбургер соопшти дека се откажува од услугите на тренерот Михаел Енинг.

Четириесет и петгодишниот стратег само по шест одиграни кола мораше да се збогува со позицијата прв тренер на клубот, бидејќи со својот тим успеа да освои само еден единствен бод.

Енинг на клупата на Хамбургер е од март оваа година, кога го замени Армин Вех и успеа да го доведе клубот до деветтата позиција на табелата.

Поразот од 1-0 на домашен терен од Менхенгладбах ја прели чашата, па поранешниот тренер на Нирнберг веднаш потоа беше отпуштен.

„По поразот од Менхенгладбах ние долго време дискутиравме и дојдовме до заклучок дека мораме да го сториме тоа што го сторивме“, изјави спортскиот директор Франк Арнесен.

Во меѓувреме од клубот соопштија дека тимот привремено ќе го води Родолфо Кародосо, поранешен фудбалер на клубот и тренер на тимот Б.

Најнови вести