Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2012

Гројтер Фирт се засили со Асамоа

Џералд Асамоа, 33-годишниот германски фудбалер со ганско потекло, му се приклучи на Гројтер Фирт, моментно второпласираниот клуб во втората Бундеслига, со кого потпиша едногодишен договор.

Искусниот напаѓач, кој за германската репрезентација има 43 настапи, вчера им се приклучи на новите соиграчи на попладневниот тренинг.
Откако летоска се раздели со Сент Паули, клубот од Хамбург со кого испадна од Бундеслигата, Асамоа беше без клуб.
Асамоа досега настапуваше за три клуба во Бундес лигата: Хановер, Шалке и Сент Паули и има вкупно 385 настапи со 79 постигнати голови.