Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2011

Триото на Шалке под знак прашалник за Интер

Фудбалерите на Шалке: Криштоф Мецелдер, Марио Гаврановиќ и Пер Клуге, поради повреди се под знак прашалник за првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите против бранителот на титулата Интер од Милано.

Тројцата се повредија во првенствениот натпревар на гости кај Сент Паули во петокот, кој беше прекинат при водство на Шалке (2-0) во 89-та минута, бидејќи помошник-судијата беше погоден со полна чаша пиво во задниот дел од главата.

Одбранбениот играч од средниот ред Мецелдер го скрши носот, но утре, на „Сан Сиро“ би можело да игра со заштитна маска. Уште полошо помина новопечениот дваесет и едногодишен швајцарски репрезентативец, напаѓачот со хрватско потекло Марио Гаврановиќ, кој се здоби со повреда на глуждот, па тешко дека ќе закрепне до утре.

Играчот за врска Клуге се здоби со повреда на мускулот на десната нога.

Најнови вести