Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2016

Ефенберг издржа само пет месеци на клупата Падерборн

Германскиот второлигаш Падерборн го отпушти тренерот Штефан Ефенберг за помалку од пет месеци откако ја презема екипата.

Поранешниот германски репрезентативец го презема Падерборн на 13-ти октомври и врза две победи, но од тогаш тимот не победи на 12 првенствени натпревари по ред па се наоѓа на претпоследното место на табелата од втората лига и е на пет бодови од сигурната зона.
Исто така во текот на неговиот мандат Падерборн во Купот загуби од Борусија Дортмунд со 1-7.
Падерборн соопшти дека во преостанатите 10 првенствени натпревари во тимот ќе го предводи Рене Мелер, а во следниот натпревар Падерборн во сабота ќе игра против Гројтер Фирт.