Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2012

Том Штарке од Хофенхајм во Баерн

Том Штарке, 31-годишниот досегашен прв чувар на мрежата на Хофенхајм, следните три сезони ќе биде член на Баерн Минхен.

Договорот ќе го потпише веднаш откако ќе ги направи медицинските тестови.
Штарке во Баерн доаѓа како слободен играч, а на местото на резерва за Мануел Нојер ќе го замени Ханс-Јерг Бут, кој на крајот на актуелната сезона ја завршува кариерата.
„Понудата на Баерн стигна пред неколку денови, а на почетокот сè водеше мојот агент Волфганг Веге. Во понеделникот прв пат разговарав лично со спортскиот директор на Баерн Кристијан Нерлингер и се договоривме“, истакна Штарке, кој кариерата ја почна во Динамо Дрезден, а беше член и на Баер Леверкузен, Хамбургер, Падерборн и Дуизбург, од кого во 2010 премина во Хофенхајм.

Најнови вести