Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2013

Шаф по 14 години ја напушта клупата на Вердер

По сè изгледа дека дојде крајот на владеењето на Томас Шаф на клупата на германскиот прволигаш Вердер од Бремен.

Според пишувањето на германскиот дневен весник „Билд“, ова е последна сезона за педесет и двегодишниот тренер, а тоа е поткрепено со изјавата на генералниот менаџер на тимот Клаус-Дитер Фишер.
„Не успеавме да се избориме за Лигата на Европа, не сме задоволни од последните купени фудбалери, како и од воведувањето на младите играчи во првиот тим“, изјави Фишер, кој не го отпиша целосно Шаф, но навести „сериозни разговори“ со тренерот.
До крајот на сезоната тимот е пред борба за опстанок бидејќи се на 14-тото место на табелата, со само три бодови повеќе од зоната за испаѓање на две кола до крајот.
Пред Вердер се денешната домашна средба со Ајнтрахт, а потоа и гостувањето во Нирнберг во последното коло, што би можел да биде последниот натпревар за Шаф на клупата од Вердер по 14 години минати во клубот.

Најнови вести