Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2016

Хановер го отпушти Шаф

Фудбалскиот клуб Хановер го отпушти тренерот Томас Шаф, соопшти клубот од Бундеслигата.

Во соопштението на германскиот клуб се наведува дека оваа одлука е донесена по долга анализа на претседателот на клубот Мартин Кинд и спортскиот директор Мартин Бадер.
„Одлуката не беше воопшто лесна, Томас секогаш беше педантен и фокусиран на работата, за да извлече најдобри резултати за тимот, но за жал во последно време тоа не функционираше“, изјави Бадер и додаде:
„По 10 порази во последните 11 натпревари, сфативме дека не сакаме да ја завршиме сезоната на таков начин, па одлучивме на тимот да му дадеме инекција со промена на тренерот“, додаде тој.
Хановер во натпреварот во 28-то коло на Бундеслигата беше поразен од Хамбургер на својот стадион со 0-3. Тие во моментов го заземаат последното 18-то место со 17 бодови, 10 помалку од Аугсбург, кој е прв над опасната зона.
Во соопштението на клубот се додава дека се свесни дека опстанокот во првиот ранг на германскиот фудбал е само во „доменот на теоријата“, но не е наведено кој ќе го предводи Хановер до крајот на сезоната.

Најнови вести