Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2013

Баерн против Челзи без Швајнштајгер?

Германскиот фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер би можел утре да го пропушти натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Баерн Минхен и Челзи во Монако.

Фудбалерот за врска на клубот од Минхен го повреди глуждот во натпреварот од третото коло на германската Бундеслига кај Фрајбург, каде што баварскиот клуб ги прокоцка првите бодови во оваа сезона одигрувајќи 1-1.
„Работите не изгледаат добро“, кратко изјави по натпреварот Филип Лам, капитенот на Баерн.
Со оглед на тоа дека се повредени и Тијаго Алкантара и Хавиер Мартинес, местото во редот за врска може да го заземе 22-годишниот Јан Кирхоф, кој ова лето во Баерн дојде од Мајнц.

Најнови вести