Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2014

Галка нов тренер на Стеауа

Константин Галка, поранешниот репрезентативец на Романија, е именуван за тренер за националниот шампион Стеауа од Букурешт.

Галка на таа функција ќе го замени Лаурентиј Регекамф, со кого романскиот гигант стигна до титулата.
„Ова е важен момент за мене и сè ќе сторам Стеауа да биде успешна. Секој тренер во Романија би сакал да биде на мое место. Наша главна цел ќе биде пласман во Лигата на шампионите“, изјави Галка на конференција за новинарите.
Тој со Стеауа потпиша договор на две години, а претходно тренерско искуство стекна во тимот Б на Алмерија од Шпанија и во репрезентацијата на Романија до 17 години.
Претходникот на Галка, Регекамф, минатата недела го напушти клубот, откако реши да го преземе Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Најнови вести