Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2016

Сити веќе во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Манчестер сити ја победија Стеауа во гости со 5-0 во првиот натпревар од плејофот на квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Копенхаген избори минимална предност против АПОЕЛ, додека Менхенгладбах победи со 3-1 во средбата против Јанг бојс во Берн.
Во Загреб Динамо и Салцбург одиграа 1-1, како и Ајакс и Ростов во Амстердам. Реванш-натпреварите на програмата се наредната среда.
Екипата на Пеп Гвардиола на овој натпревар не погоди два пенали во првото полувреме, во осмата и во 21-вата минута непрецизен беше Агуеро. „Граѓаните“ поведоа со голот на Силва во 13-тата минута на асистенција на Стерлинг.
Во одбраната во меѓусебните додавања грешки направија стоперите на романската екипа, Стерлинг стигна до топката и ја испрати кај осамениот Шпанец, кој ја затресе мрежата. Во финишот на полувремето Агеро ја дуплира предноста, повторно по асистенција на Стерлинг, Аргентинецот топката ја испрати во левата страна на голманот.
Сити во второто полувреме продолжи од таму каде што застана во првото, па по пет минути Нолито го постигна третиот гол. До крајот на натпреварот „граѓаните“ стигнаа до поубедлива победа, а хет-трикот го комплетираше Агуеро во 78-мата минута по долгиот пас на Нолито и во 89-тата минута на асистенција на Фернандињо.
Копенхаген со минимален резултат ги надигра фудбалерите од Кипар, а победата му ја донесе Павловиќ со погодокот на крајот на првото полувреме.
Динамо до реми со Салцбург стигна со голот на Марко Рог од пенал на 15 минути пред крајот на натпреварот, Ајакс избегна да биде поразен на домашен терен, додека Менхенгладбах со двата гола во рок од две минути на средината на второто полувреме веројатно го реши двомечот со швајцарскиот тим.

Лига на шампиони, плејоф:
Ајакс – Ростов 1-1
Класен 38п – Нобоа 13
Динамо Загреб – Салцбург 1-1
Рог 76п – Лазаро 59
Копенхаген – АПОЕЛ
Павловиќ 43
Стеауа – Манчестер сити 0-5
Силва 13, Агуеро 41, 79, 89 Нолито 49
Јанг бојс – Менхенгладбах 1-3
Сулејмани 56 – Рафаел 11, 70, Хан 68

Денес:
20.45 Селтик – Хапоел БШ
20:45 Дандалк – Легија
20:45 Порто – Рома
20:45 Лудогорец – Викторија
20:45 Вилјареал – Монако

Најнови вести