Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2013

Вардар и на реваншот поразен од Стеауа

Македонскиот шампион Вардар доживеа пораз и на реваншот од второто квалификациско коло од Лигата на Европа од романскиот првак Стеауа.

Иако одигра многу подобро и поангажирано од првиот натпревар, Вардар загуби со 2-1 и Стеауа со вкупен резултат од 5-1 се пласира во третото квалификациско коло, каде што ќе се сретне со грузискиот претставник Динамо Тбилиси.
Гостите први дојдоа во водство преку Федерико Пиовикари во 23-тата минута, а Вардар успеа да изедначи во финишот на првото полувреме по една одлична акција на Филип Петров, кој го проигра Хименез, а овој упати центаршут, кој најдобриот стрелец на Вардар, Јован Костовски, со удар со глава умешно го реализираше.
Во вториот дел се играше отворен фудбал, со напади кон двата гола. Голманот на „црвено-црните“, Игор Павловиќ, имаше неколку добри интервенции, а Костовски повторно со удар со глава за малку беше непрецизен за водство на Вардар.
Во 72-рата минута Романците организираа брза контра, во шеснаесетникот налета Бурцеану, кој со удар во трк го постави конечниот резултат.
Пред почетокот на натпреварот, навивачката група на Вардар, „Комити“, се судри со полицијата во градскиот парк, при што е направена штета на неколку угостителски објекти и автомобили.

Најнови вести