Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2013

Вардар против Стеауа во квалификациите на ЛШ

Актуелниот македонски шампион Вардар ќе се соочи со романскиот шампион Стеауа во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Црвено–црните“ добија многу силен противник, кој го има освоено Купот на европските шампиони (1985/86), натпреварување што ѝ претходеше на сегашната Лига на шампиони.
Првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите ќе се игра на 16/17 јули во Букурешт, а по една седмица романскиот шампион ќе гостува на арената „Филип Втори“.
Стеауа од Букурешт 24 пати беше шампион на Романија, има 21 титула во Купот на Романија и пет трофеи на Суперкупот на Романија.
Во Стеауа игра нашиот фудбалски репрезентативец Даниел Георгиевски, а сопственик на клубот од Букурешт е Џиџи Бекали, кој неодамна беше уапсен поради финансиска проневера што ја направил пред неколку години. Исто така, големо внимание предизвика и „местенката“ на Стеауа со Виторул Констанца (2-5).
За Стеауа ова е втор дуел со македонски претставник откако во сезоната 2001/02 играше против тогашниот шампион на Македонија, Слога југомагнат, која ја победи на двапати со 0-3 и 1-2.

Најнови вести