Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Празнично Вардар против Македонија Ѓ.П. третпат за еден месец

Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе играат пријателски меч на големиот македонски празник „8 Септември“, а интересно е тоа што двата клуба ќе ги одмерат силите третпат за период од еден месец

Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе ја искористат паузата и настапот на нашата репрезентација против Гибралтар и Ерменија, па ќе одиграат нов меѓусебен меч на осми септември. Празнично на денот на осамостојувањето  на Македонија и интересно третпат на мегдан во рок од еден месец.
Најпрво пред самиот старт на новата сезона двете екипи одиграа пријателски меч и Вардар победи со 1-0. На 26-ти август градските ривали повторно играа меѓусебе, но овојпат во првенствен меч за бодови и повторно Вардар славеше со 1-0. На ред е и третиот меч за еден месец, а дали и третпат ќе биде 1-0 за најтрофејниот клуб во Македонија, ќе се знае некаде околу 18 часот во сабота. Мечот ќе се игра од 16 часот на стадионот на Ѓорчепетровци.

 

Најнови вести