Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2013

Кирикеш допатува во Лондон да потпише за Тотенхем

Влад Кирикеш, 23-годишниот одбранбен фудбалер од средниот ред на Стеауа, вчера вечерта слета во Лондон.

Сликан е на „Хитроу“, а британските медиуми претпоставуваат дека во текот на денешниот ден, откако ќе ги помине лекарските прегледи, ќе потпише петгодишен договор за Тотенхем.
Според неофицијалните информации, Тотенхем за откуп на неговиот договор се согласил да му плати на клубот од Букурешт осум милиони фунти.
Во реализација на трансферот на 20-кратниот романски репрезентативец Стеауа тргна веднаш по осигурениот настап во групната фаза на Лигата на шампионите.

Најнови вести