Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2015

Отказ за Гонзалес, Галка нов тренер на Еспањол

Откако Серхио Гонзалес е сменет од тренерската позиција на Еспањол, по серијата од лоши резултати и по само една победа во последните осум натпревари, медиумите во Шпанија пишуваат дека неговото место ќе го заземе Константин Галка.

Четириесет и тригодишниот Романец кој во сезоната 2014/15 седеше на клупата на Стеауа и со неа ја освои тројната круна во Лигата 1, Националниот куп и Супер купот.
Тој воедно играше и за Еспањол во периодот од 1997 до 2001 година, а сега доаѓа го спаси својот поранешен клуб кој по 15 кола во Примера се наоѓа на 14-тото место, само три бода над опасната зона.

Најнови вести