Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2018

Дербито на Каталонија не разочара – тензија, дожд и поделба на бодовите

Екипата на Барселона одигра 1-1 против Еспањол во натпреварот од 22-рото коло на Ла Лига.

Избраниците на Ернесто Валверде го забележаа четвртото реми, додека домашните играчи седми пат имаа нерешен резултат.
Теренот на Барселона беше толку многу натопен со вода, што беше многу тешко да се игра, а на некои делови топката речиси како да отскокнуваше.
Во каталонското дерби домашните играчи дојдоа до предност со голот на Херард Морено во 66-тата минута. Гарсија центрираше, а Морено со глава го совлада Тер Штеген.
Барселона почна со жестоки напади, а до голот за изедначување дојде во 82-рата минута. Меси центрираше од слободен удар, а Пике со глава ја испрати топката зад грбот на голманот на Еспањол.
До крајот на натпреварот имаше многу тензија на теренот, а главни актери беа Морено и Пике. Во продолжението на времето, Умтити малку го повлече Гарсија во казнениот простор, но судијата Манцано процени дека немало елементи за пенал.
Барселона се наоѓа на првото место на табелата на Ла Лига со 58 бода, додека Еспањол е15-ти со 25.

Најнови вести