Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2016

Зидан: Има уште 60 натпревари, ќе продолжам да ротирам

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека е задоволен со тоа што неговиот тим го совлада Еспањол (2-0).

Головите ги постигнаа Родригес и Бензема, па Реал има максимален учинок по четири кола.
„Задоволен сум, не само од Џејмс и Бензема, туку и од играта генерално, одигравме колективно. Морав да го ставам Родригес во средината, како десетка зад Бензема, беше многу добар“, изјави францускиот стручњак.
„Промените во тимот донесоа резултат, секогаш ротираме и ќе продолжиме да работиме така. Имам дваесет и четворица квалитетни играчи, ни остануваат уште 60 натпревари и играчите мора да се менуваат. Благодарение на трудот на сите, засега ни оди добро“, додаде тренерот на Реал.
Зидан изјави дека не го видел наводно играњето со рака на Рамос („мислам дека топката го погоди во лице“), како и дека Каземиро добил силен удар.
Во следното коло Реал ќе игра со Вилјареал на домашен терен во среда.

Најнови вести