Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2016

Покетино верен на Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино го продолжи договорот со клубот до 2021 година.

На Аргентинецот актуелниот договор му истекува за три години, но доби подобри услови на „Вајт харт лејн“ по една од најдобрите сезони во последните неколку децении и второто место во Премиер лигата.
„Не можам да бидам посреќен. Ова беше лесна одлука за стручниот штаб и за мене. Имавме одлична сезона и верувам дека ова е само почеток. Верувам дека можеме да постигнеме нешто големо во иднина“, изјави Покетино за интернет страницата на клубот.
Претходните месеци се шпекулираше дека ПСЖ го сака Покетино на својата клупа, додека англиските медиуми последните денови пишуваа за тајниот состанок со Алекс Фергусон за местото менаџер на Манчестер јунајтед.
Аргентинецот во Тотенхем дојде во 2014 година од Саутхемптон и веќе во првата сезона го водеше клубот до петтото место на табелата во Премиер лигата и во финалето во Лига купот.
Оваа сезона Тотенхем водеше голема борба со Лестер за титулата но потклекна во самиот финиш. Покетино освен во Тотенхем и Саутхемптон во својата кариера го предводеше и Еспањол.

Најнови вести