Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2013

Почнува новото шоу во Лигата на шампионите

Новото издание на најелитното фудбалско натпреварување во светот, Лигата на шампиони, стартува вечерва. Македонија има двајца претставници, Горан Пандев во италијанскиот клуб Наполи и Даниел Георгиевски во составот на романската Стеауа.

Со вечерните натпревари од првото коло, почнува новиот спектакл во најскапото светско фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите во организацијата на УЕФА.
По летниот преоден рок во кој се остварија нови трансфер-рекорди, во следните седум месеци ќе ги гледаме најскапите фудбалски тимови во борба за престижниот пехар со големи уши.
Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Челзи, Манчестер сити, Борусија Дортмунд, Јувентус, Наполи беа многу активни на фудбалскиот пазар летово и со многу амбиции влегуваат во новата борба за трофејот кој годинава во своите витрини го има Баерн Минхен.
Најголем фаворит е шпанскиот вицешампион, кој со нов тренер и со најскапиот фудбалер на светот, Герет Бејл, ќе се обиде сезонава да стигне до својата десетта титула европски првак.
Пандев и Георгиевски своите први овосезонски настапи ќе ги имаат утревечер па и Македонија ќе има за кого да навива сезонава во Лигата на шампионите.

Најнови вести