Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2016

Шампионот го врати ударот

Голден стејт вориорс изедначи на 1-1 во финалната серија на Западната конференција во НБА лигата, победувајќи ги на свој терен Оклахома Сити тандерс со 118:91.

По изедначувањето во првото полувреме во кое Вориорс константно беа во предност, но не успеваа да се одвојат со некоја значителна предност, следеше третата четвртина во која домаќините го прекршија натпреварот.
Со серија од 21:5 во средниот дел на играта актуелниот шампион му побегна на 23 поени разлика и повеќе немаше враќање за Оклахома.
Во третата четвртина се разигра Стефен Кари, кој во тој дел додаде 17 од вкупно 28 поени. Покрај Кари во изедначената екипа на Голден стејт најрасположен беше Клеј Томпсон со 15 поени. 
Кај Оклахома прв стрелец беше Кевин Дурант со 29 поени, но само шест постигна во второто полувреме, а покрај него уште само Расел Вестбурк со 15 поени имаше двоцифрен ефект.
Серијата сега се сели во Оклахома каде ќе се одиграат следните два натпревари, во понеделник и во среда.

 

Најнови вести