Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2016

Сако ќе го пропушти Европското првенство

Иако му е тргната суспензијата, Мамаду Сако нема да игра за репрезентацијата на Франција на претстојното Европско првенство.

Мамаду Сако ќе ја тужи УЕФА, особено за фактот што не бил допингуван што подоцна беше утврдено. Тој го пропушти и финалето во Лигата на Европа, меѓу останатите натпревари цел еден месец тој не играше фудбал.
Токму тоа е една од причините поради кои нема да биде на списокот на Дидие Дешамп за Европското првенство во Франција.
Дешамп веќе го соопшти списокот, беше тешко да се очекува дека Мамаду Сако ќе се врати во репрезентацијата.
Ова би можело да бидат добри вести за Ливерпул, бидејќи од самиот старт ќе биде со тимот на подготовките.

Најнови вести