Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2016

Косово во Групата И во квалификациите за СП 2018

Репрезентацијата на Косово ќе игра во Групата И во квалификациите за Светското првенство во 2018 година во Русија, одлучи Европската фудбалска унија (УЕФА).

Противници на Косово ќе бидат репрезентациите на Хрватска, Исланд, Украина, Турција и Финска.
Косово од неодамна е примено во УЕФА, а потоа стана членка и на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Сепак, клубовите од Косово нема да можат во следната сезона да играат во квалификациите за европските натпреварувања.
Во соопштението на УЕФА се наведува дека одборот за итни прашања на организацијата во Париз одлучи дека Косово од безбедносни причини во иднина нема да може да игра против Србија и Босна и Херцеговина.
Исто така, УЕФА во квалификациите го класифицираше и Гибралтар, британска територија на југот на Шпанија, и тие ќе играат во Групата Х, во која уште се и Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Естонија и Кипар.

Најнови вести