Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2016

Франција е првиот учесник во осминафиналето

Фудбалерите на Франција се пласираа во осминафиналето на Европското првенство по победата над Албанија со 2-0 во второто коло.

Тимот на Дидие Дешамп се мачеше и во вториот натпревар во Групата А, но повторно стигна до победата во финишот, овој пат со головите на Антоан Гриезман во 90-тата минута и Димитри Пеје во 96-тата минута.
Французите со шест бодови станаа првите учесници во осминафиналето, а селекцијата на Албанија го претрпе и вториот пораз.
Дуелот на стадионот „Велодром“ имаше два потполно различни полувремиња. Во првото полувреме апсолутно ништо не се случуваше, а во второто Французите покажаа поради што се меѓу главните фаворити за титулата.
Правеа и пропуштаа бројни шанси, но на крајот сепак стигнаа до вредните голови кои ќе им дозволат да бидат порелаксирани во последното коло.
Претходно во оваа група Романија и Швајцарија одиграа нерешено 1-1, а за три дена се сретнуваат Швајцарија – Франција и Романија – Албанија.

Најнови вести