Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2016

Борусија плати 12 милиони за Гереиро

Португалскиот репрезентативец Рафаел Гереиро е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, објави германскиот бундеслигаш.

Борусија за овој трансфер му плати 12 милиони евра на Лориен, додека Гереиро потпиша четири годишен договор.
Рафаел Гереиро има 22 години и игра на позицијата лев бек, додека по потреба може да игра и на позицијата лево крило.
„Гереиро технички е доста подготвен играч кој може да покрива повеќе позиции. Многу сме среќни што одбра да дојде кај нас“, изјави спортскиот директор Михаел Цорк за официјалната интернет страница на „милионерите“.
Тој три години играше за Лориен, а претходно беше дел од тимот на Каен, додека за најсилниот тим на Португалија забележа осум настапи и два гола.
Борусија пред него го доведе дефанзивниот играч Марк Бартра, играчот за врска Себастијан Роде, како и Орел Мангала, Емер Мора, Микел Мерино и Усман Дембеле.

 

Најнови вести