Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Изненадување на „Максимир“- Мамиќ си замина од Динамо!

Противникот на Вардар во квалификациите за Лигата на шамионите, Динамо Загреб, во новата сезона ќе влезе со нов тренер.

Зоран Мамиќ, кој со тимот на Динамо освои три титули како првак на Хрватска и два Купа, го прифати новиот предизвик во кариерата и тоа во Ал Насер од Саудиска Арабија.
Иако од Динамо тоа официјално сè уште не е потврдено, Ал Насер тоа веќе го стори на својот Твитер профил, каде беше објавено дека Мамиќ потпишал договор на година дена. 
Нормално, веднаш во хрватската јавност започнаа шпекулациите кој би можел да го наследи Мамиќ на клупата, а „Индекс“ споменува две имиња- Златко Крањчар и Ненад Бјелица.
Во следните денови, изборот за нов тренер на Динамо ќе биде секако една од главните фудбалски теми во Хрватска.
Само да потсетиме, Зоран Мамиќ е брат на сопственикот на клубот Здравко Мамиќ, а на клупата на Динамо е од 2013 година.

Најнови вести