Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2016

Хедира дефинитивно ќе го пропушти полуфиналето со Франција

Селекторот на репрезентацијата на Германија Јоаким Лев изјави дека фудбалерот Сами Хедира поради повреда ќе го пропушти полуфиналниот натпревар од Европското првенство против Франција.

Хедира ја повреди тетивата на левиот бутен мускул во саботата во текот на натпреварот со Италија во четврт-финалето на Европското првенство во Франција. Германија победи по изведувањето на пеналите и се пласираше во полуфиналето.
„Сами Хедира нема да игра во четврток, но ќе сториме сè што можеме да го подготвиме за евентуалното финале“, изјави Лев.
Хедира на теренот го замени Бастијан Швајнштајгер, кој во текот на натпреварот го истегна лигаментот на коленото и неговиот настап на претстојниот натпревар е неизвесен. 
„Се влоши по натпреварот. Мораме да почекаме и да видиме за ден или два“, додаде селекторот на актуелниот светски шампион.
Поради суспензијата натпреварот ќе го пропушти Матс Хумелс, додека пак Марио Гомес го заврши натпреварувањето поради повреда на бутниот мускул.
Германија во полуфиналето на Европското првенство ќе игра против домаќинот, Франција, во четврток од 21:00 часот во Марсеј, а во второто полуфинале, еден ден порано во 21:00 часот во Лион ќе се сретнат репрезентациите на Португалија и Велс.

 

Најнови вести