Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2016

Хаос во Интер, откажан тренингот, крај за Манчини?

Состанокот со Кинезите во Торино помина лошо, за Манчини нема продолжување на договорот, а по сè изгледа нема да го издржи ни летово.

Тој самиот е подготвен да замине, изјави дека е уморен, а јавна тајна е дека е незадоволен со преодниот рок и одбивањето на новите сопственици да го доведат Јаја Туре.
Во секој случај, хаотичната ситуација не е ништо ново за Интер, но откажан е тренингот, клубот соопшти дека во прашање се логистички проблеми. Меѓутоа, тренингот и понатаму стои во агендата на интернет страницата на Интер, планиран е пред заминувањето за Америка, па медиумите шпекулираат дека е во тек разделбата со тренерот.
Во Америка се упати и директорот Аулисио за да види што се случува, Манчини чека да го отпуштат, но нема да се откаже од 4,5 милиони евра колку што му следуваат во последната сезона.
Кинезите  го сакаат Франк де Бур за нов тренер, но сега во прв план влезе и Андре Вилаш-Боаш. Прашањето е кој од нив ќе се одлучи за авантура во ситуација кога е извесно дека Интер не може да купува нови фудбалери.
Што се однесува на капитенот Икарди, понудата на Наполи е одбиена иако одеше до 50 милиони евра со бонуси, Аргентинецот, односно, неговата сопруга Ванда Нара се договори за плата од 6 милиони, а клубот е бесен на Аргентинката која ја презема улогата на менаџер. 

Најнови вести