Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2016

Лига на Европа: Пораз на Вест хем, Хајдук убедлив

Словенечкиот Домжале го победи англискиот премиерлигаш Вест хем со 2-1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на Европа, а хрватски Хајдук со убедлива предност се враќа од Украина.

На натпреварот во Словенија беа досудени два пенали во првото полувреме. Домаќинот преку Црниќ поведе во 11 минута, а седум минути подоцна Нобл го израмни резултатот од белата точка. На стартот на второто полувреме најдобриот фудбалер на словенечкиот тим со одлична соло акција успеа да го совлада голманот на гостите со удар од шеснаесетина метри и да го постави конечниот резултат.
Хајдук од Сплит практично ја заврши работата во ова квалификациско коло откако на гости ја победи украинската Олександрија со 3-0.
Краснодар со истиот резултат славеше во Малта против Биркиркара, а во скандинавското дерби Хелсинки со 2-1 го победи Гетеборг. Победа на гости забележа и словачка Трнава која во Виена ја победи Австрија.

Лига на Европка, 3 квалификациско коло:

АЕК Ларнака – Спартак Москва    1-1
Олександрија – Хајдук    0-3
Хераклес – Ароука    1-1
Австрија – Трнава    0-1
Гетеборг – Хелсинки    1-2
Јелгава – Беитар    1-1
Лил – Кабала    1-1
Локомотив Загреб – Ворскла    0-0
Славија Прага – Рио Аве    0-0
Заглембје – Сондерјиске    1-2
Жодино – Рапид    0-0
Башахшехир – Риека    0-0
Биркиркара – Краснодар    0-3
Грасхоперс – Аполон    2-1
Османлиспор – Номе Калју    1-0
Панатинаикос – АИК    1-0
Пандури – Макаби    1-3
Шкендија – Млада Болеслав    2-0
Војводина – Динамо Минск    1-1
Херта – Брондби    1-0
Гент – Виторул    5-0
Видеотон – Митјиланд    0-1
Абердин – Марибор    1-1
Алкмар – Јанина    1-0
Домжале – Вест хем    2-1
Сент Етјен – АЕК    0-0
Адмира – Либерец    1-2

Најнови вести