Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2016

Габриел Жесус конечно во Манчестер сити

Манчестер сити го комплетираше трансферот на бразилскиот напаѓач Габриел Жесус за 27 милиони фунти, објавено е на клупската интернет страница.

Деветнаесет годишниот фудбалер долго време беше желба на Пеп Гвардиола кој на крајот успеа да ја победи Барселона која исто така беше заинтересирана за големиот бразилски талент.
Жесус потпиша договор до 2021 година, но додека не добие работна дозвола ќе се врати на позајмица во неговиот стар клуб Палмеирас каде ќе остане до крајот на годинава.
„Се радувам на договорот и мислам дека заедно ќе имаме одлична иднина. Сити е еден од најдобрите тимови на светот и јас сум почестен што ќе работам во екипата со Пеп Гвардиола и талентите од кои имам многу да научам“, изјави Габриел.
„Тој е еден од најперспективните млади играчи на светот и ние се радуваме што обезбедивме големо засилување кое ќе ни се приклучи во јануари“, изјави директорот на премиерлигашот Чики Бегиристан.
„Чудото од дете“ како што е нарекуван во моментов е во Рио каде заедно со Нејмар ќе биде предводник на бразилската репрезентација на Олимпискиот турнир.

Најнови вести