Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2011

Арбелоа и Куентрао ќе конкурираат за Осасуна

Алваро Арбелоа и Фабио Куентрао, играчи на Реал Мадрид, се вратија на тренинзите и ќе конкурираат за првенствениот натпревар против Осасуна.

Португалецот го напушти натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите против Лион по 60 минути игра со болки во зглобот на ногата и беше под знак прашалник за неделниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Арбелоа, пак, не ни замина за Франција поради малите проблеми со мускулот на ногата, но се чини дека сепак ќе биде подготвен за Осасуна. Турскиот репрезентативец Нури Сахин, исто така, тренираше со првиот тим, но сè уште не е познато дали ќе биде во конкуренција за првиот тим.

Лоши вести за Жозе Мурињо се дека Кака, Марсело и Рикардо Карвалјо ќе го пропуштат овој меч поради истите повредите поради  кои не беа ниту во составот против Лион.

Најнови вести