Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2016

Габигол и Жоао Марио во Интер за 70 милиони евра

Габриел Барбоса, еден од најталентираните напаѓачи на светот, и Жоао Марио, португалскиот играч за врска, кариерата ќе ја продолжат во Интер, соопштија „нераѕурите“.

Интер потврди дека двајцата фудбалери допатувале во Милано да го потпишат договорот со трикратниот шампион на Европа.
Новите сопственици на Интер, кинеската група „Сунинг“, за двајцата одлични играчи ќе платат околу 70 милиони евра, 25 милиони на бразилскиот Сантос за Габигол, како и 45 милиони на лисабонскиот Спортинг за Марио.
Компанијата „Сунинг“ најави дека има намера да го врати Интер во врвот на италијанскиот фудбал, а претходно во клубот дојде и Антонио Кандрева од Лацио.
Интер не би смеел веќе да доведува скапи засилувања бидејќи би можело да добие казна од УЕФА поради кршење на финансискиот фер плеј.

Најнови вести