Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2016

Нејмар го предводи Бразил, Аргентина не знае без Меси

Фудбалерите на Бразил и на Уругвај остварија победи, додека Аргентина и Чиле останаа без триумф во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во Русија.

Бразил предводен од Нејмар во дербито ја совлада Колумбија со 2-1, а со тоа изби на второто место на табелата со 15 бодови, еден помалку од првопласираниот Уругвај.
Нејмар продолжува да доминира на меѓународно ниво, тој му го донесе второто долго чекано олимписко злато на Бразил, ја предводеше екипата против Еквадор, сега донесе триумф и во дуелот со Колумбија.
Уругвајците го декласираа Парагвај со 4-0, во натпреварот меѓу Чиле и Боливија немаше голови, додека Аргентина едвај се избори за бод на гостувањето кај Венецуела (2-2). 
„Гаучосите“ имаа големи проблеми без Лионел Меси во Мерида. Домаќините поведоа со 2-0 со головите на Ањор и Мартинез, а Аргентинците се спасија од пораз преку Прато и Отаменди кој го израмни резултатот на седум минути до крајот.
Уругвај беше исклучително убедлив против Парагвај, најмногу благодарение на двајцата напаѓачи Луис Суарес и Единсон Кавани.

Најнови вести