Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Француската лига доби нов Нејмар

Прекарот му е „Баба Нејмар“, а пред четири месеци играше фудбал само на улиците во родната Гвинеја

Жил Кеита кој е член на Дижон и откако влезе во 66 минута, викендов против Ница постигна два гола, го привлече вниманието на француската јавност, а сега откако се дозна за неговата животна приказна, „бајката“ е уште поинтересна. 
Кеита кој има 20 години, пред четири месеци играл фудбал по улиците во Конакри во родната Гвинеја, без менаџери, без лични документи и пари, а сега е во позиција да стане познат во европскиот и светски фудбал. 
Плус може да му биде прекарот „Баба Нејмар“ и сигурно многумина ќе го препознаваат така. А, бидејќи оригиналниот Нејмар истотака игра во француски тим, овие двајца во текот на сезонава ќе имаат и меѓусебен дуел. Првиот двобој на „двајцата Нејмари“ ќе биде во декември. 
Откако доби понуда од Дижон, Кеита ја прифати со две раце, потпиша тригодишен договор и сега му се заканува на Нејмар.
„Во родната земја ме викаат Баба Нејмар. Бразилецот е мој идол, но мислам дека можам да станам посилен, дури и подобар од него“ – вели Кеита. 

 

Најнови вести