Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2018

Лукаку: Нејмар не е глумец, Бразил најсилен на турнирот

Ромелу Лукаку, напаѓачот на Белгија, изјави дека четврт-финалниот дуел на Мундијалот против Бразил ќе биде тест за Белгијците да видат каде се во овој момент.

Белгија ќе игра со петкратниот светски шампион во натпреварот кој за многумина е финале пред финалето.
„Нашиот систем е ист веќе две години. Индивидуално сме силни. Сè е добро засега. Бразил ќе биде добар тест, играме против најдобриот тим на шампионатот, најголемиот фаворит за титулата. Ќе видиме каде сме. Мораме да бидеме подготвени за дуелот со нив. Сакаме да одиме далеку, ако го поминеме Бразил, ќе нè чека нов тежок ривал“, изјави одличниот напаѓач.
На прашањето кои се слабите точки на Селесао, Лукаку одговори дека речиси ги немаат.
„Во нападот се силни, имаат четворица играчи способни да креираат и да го загрозуваат противникот. Назад се малку послаби, но мораш да пронајдеш начин за да ги нападнеш. Се подготвуваме за тоа“, додаде 25-годишниот играч.
Најголема пречка на Белгијците им е Нејмар, кој претходните денови е актуелен поради начинот на игра. Многумина го нарекоа глумец на теренот. Лукаку не мисли така.
„Не е глумец. Тој е одличен играч и чуварите знаат да бидат груби кон него. За мене, тој е меѓу најдобрите на светот. Ова ќе биде втор пат да играм против него и многу сум среќен поради тоа“, изјави Лукаку.
Дуелот меѓу Бразил и Белгија се игра вечерва, од 20 часот, на арената „Казањ“.

Најнови вести