Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

Вавринка преку Ѓоковиќ до пехарот на Отвореното првенство на САД

Швајцарецот по убедливо изгубениот тај брејк во првиот сет на крајот славеше и ја освои третата Гренд слем титула.

Во последните осум финалиња на Гренд слем, Ѓоковиќ изгуби два пати, и тоа и двата од Швајцарецот Вавринка - на Ролан Гарос 2015 и на Отвореното првенство на САД 2016 година.
Во финалето на ОП на САД, Новак Ѓоковиќ – Станислас Вавринка одиграа 1:3 (7:6 (7:1), 4:6, 5:7, 3:6) по речиси четири часа игра – 237 минути.
Десет години, десет полуфиналиња, 2007-2016. Десет години и седум финалиња 2007, 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016. Десет години, а само две титули, 2011, 2015, и дури пет порази за Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер застана на 12-те освоени титули на Гренд слем (шест во Мелбурн, три во Лондон, две во Њујорк и една во Париз).
Во првиот сет Новак добро тргна, поведе со 3:0, но Вавринка го избори тај брејкот, каде што Ѓоковиќ го остави на 7:1 за предност од 1:0 во сетовите.
Потоа Вавринвка ја презема контролата на натпреварот, особено на 5:6 во третиот сет, кога Ѓоковиќ ја имаше топката за тај брејк, но потоа направи две грешки и Швајцарецот го освои сетот.
Во четвртиот сет Новак имаше проблеми со плускавци на нозете, се трудеше колку што можеше, но Швајцарецот сепак беше подобар.

Резултат од финалето на Отвореното првенство на САД (жени):
Каролина Плискова (Чешка) – Анџелик Кербер (Германија) 1:2 (3:6, 6:4, 4:6)

Најнови вести