Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2016

Роналдо погоди четири пати, гостинска победа на Фарски Острови

Квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија се во полн замав, а синоќа имаше некои интересни резултати. Фарски Острови засега се најголемото изненадување.

Во групата А, Холанѓаните одиграа одличен натпревар против Белорусија и по почетниот нерешен резултат против Шведска, успеаја да забележат многу важна победа. Тие вчера на свој терен ја совладаа Белорусија со 3-1.
До четвртиот бод дојдоа и Французите, коишто ја демолираа Бугарија со 4-1, иако заостануваа на стартот на натпреварот.
Во оваа група, Шведска по двете одиграни кола има четири бодови, откако вчера како гостин славеше против Луксембург со 1-0.
Во групата Б, европскиот шампион Португалија немаше милост против Андора во дуелот меѓу двете екипи од Пиринејскиот Полуостров и ја совлада со 6-0. Кристијано Роналдо успеа дури четири пати да се запише во листата на стрелците.
Фарски Острови и фудбалот во таа земја се во пораст. Тие вчера како гости успеаја да ја совладаат Летонија со 2-0.
Најинтересен беше натпреварот меѓу Унгарија и Швајцарија, кој заврши со резултат 2-3.
Во групата Х, Грците се максимални по двете одиграни кола. Тие вчера како домаќини го совладаа Кипар со 2-0.
Во натпреварот кој многумина го претставија како дерби, Белгијците лесно излегоа на крај со репрезентацијата на Босна и Херцеговина совладувајќи ја со 4-0.
Естонија во натпреварот со Гибралтар лесно го совлада и победи со резултат 4-0.

Најнови вести