Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2016

Шпанците рутински до победата во Албанија

Фудбалерите на Италија и Шпанија остварија победи во натпреварите од групата Г во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.

Шпанија со 2-0 славеше на гостувањето кај Албанија, додека Италија со тешки маки ја совлада Македонија во Скопје со резултат 2-3.
Србија ја совлада Австрија со 3-2 во Белград, а Ирска беше подобра од Молдавија со 3-1 во натпреварите од групата Д. 
Во единствениот одигран натпревар од групата И, Исланд на свој терен ја победи Турција со 2-0.
Србија е лидер на групата Д со седум освоени бодови, колку што има и второпласираната Ирска, која на гостувањето со многу маки ја совлада Молдавија со 3-1.
Во групата Г, Албанија успешно и одолеваше на Шпанија во текот на првото полувреме, а потоа водство на Шпанците им донесе Коста во 55-тата минута,а Нолито во 63-тата ја удвои предноста и го постави конечниот резултат 0-2.
Шпанија и Италија се лидери во групата Г со по седум бодови, а по шест имаат Албанија и Израел.
Во групата И, Исланд продолжува со одличните партии, втората победа ја освои над Турција на свој терен со 2-0.

Најнови вести