Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Ултрасите на Интер го нападнаа Икарди

Околу 40 жестоки навивачи на Интер се нафрлиле на автомобилот на Мауро Икарди пред неговата куќа, по поразот на „нераѕурите“ од Калјари (2-1) на „Џузепе Меаца“.

Навивачите уште на натпреварот искажаа голем бес кон својот капитен, откако не го погоди пеналот во првото полувреме при резултат 0-0.
Тој првобитно кај навивачите предизвика бес поради автобиографијата, во која ја наведува ситуацијата од 2015 година по поразот од Сасуоло, кога се соочи со лутите навивачи, коишто го одзедоа дресот од едно дете на кое тој му го даде и го фрлија.
Предводниците на северната трибина го обвинија дека лаже за деталите во таа приказна, но Икарди изјави дека им порачал на луѓето од клубот дека е натеран да повика сто криминалци од Аргентина да ги убијат ако некој се обиде да го нападне.
Навивачите на тоа одговорија со споменатиот напад на автомобилот и оставиле транспарент со порака: „Ние сме овде, кога ќе доаѓаат твоите аргентински пријатели, ќе нè предупредиш, или тоа ќе го направиш како кукавица?“.
Веќе со денови многу е напната ситуацијата во Интер во врска со Икарди, бидејќи клубот размислува да му ја одземе капитенската лента, а тоа би можело да се случи уште денес.
Интер е дури 11-ти во Серија А по некомплетното осмо коло со 11 бодови, десет помалку од лидерот Јувентус, пет од Рома и од Милан, кои се на делба на двете позиции што водат во Лигата на шампионите.

Најнови вести