Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Пиоли нов тренер на Интер, ќе дебитира против Милан

Италијанскиот стручњак Стефано Пиоли е именуван за нов тренер на Интер од Милано, соопшти клубот.

Пиоли потпиша договор до 30-ти јуни 2018 година, а го замени неодамна отпуштениот Холанѓанец Франк де Бур.
Интер е дури деветти во Серија А со 17 бодови, 13 помалку од лидерот Јувентус по 12 одиграни кола, додека е последен во групата К од Лигата на Европа по четири кола. Пиоли на клупата на „нераѕурите“ ќе дебитира во градското дерби со Милан на 20-ти ноември.
Пиоли има 51 година, како играч беше стопер, а меѓу останатите, настапуваше за: Парма, Јувентус, Верона, Фиорентина.
Тренерската кариера ја почна во 1999 година, во младиот тим на Болоња, а како прв тренер ги водеше: Парма, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња и Лацио во претходните две сезони.
Со римскиот клуб на 91 натпревар забележа 44 победи, а во првата сезона на „небесно сините“ беше трет во првенството и играше во финалето на Купот.

Најнови вести