Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Коста повреден, Лопетеги го враќа во Лондон

Диего Коста, центарфорот на Челзи, допатува во Шпанија со повреда на препоните и речиси сигурно нема да игра против Македонија во квалификациите за Светското првенство. Тој најверојатно ќе го пропушти и пријателскиот дуел со Англија.

Коста го одигра целиот натпревар во саботата, во победата на Челзи над Евертон (5-0), постигна гол, но изгледа заработи и повреда.
Хулен Лопетеги, селекторот на Шпанија, најверојатно ќе го врати Коста во Лондон за да може да почне со закрепнување, пренесоа шпанските медиуми.
Коста се наоѓа во одлична форма во последно време, а вкупно постигна девет гола на 11 натпревари во Премиер лигата и води на листата на стрелците.
Шпанија во недела ја дочекува Македонија во Гранада, а три дена подоцна игра со Англија на „Вембли“.

Најнови вести