Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2016

Мурињо со нови проблеми поради повреди

Жозе Мурињо има огромни проблеми пред дербито со Арсенал - Манчестер јунајтед во текот на репрезентативната пауза остана без четворица играчи.

Крис Смолинг и Лук Шоу поради повреди беа надвор од редовите и минатиот викенд, но официјално на боледување заминаа кога почна репрезентативната пауза.
На Смолинг му е утврдена сериозна повреда и тој сигурно ќе биде надвор од редовите неколку седмици.
Повреда доживеа и Маруан Фелаини, а синоќа селекцијата на Англија ја напушти и Вејн Руни.
Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека Руни ја напуштил селекцијата и дека поради повреда на коленото нема да игра во пријателскиот натпревар против Шпанија.
Тој ќе отпатува во Манчестер на дополнителни испитувања, по што ќе се знае дали ќе биде подготвен за дуелот со Арсенал.
Златан Ибрахимовиќ е суспендиран за овој натпревар, Ерик Бејли е од претходно повреден, така што Мурињо има големи проблеми.
Во овој момент изгледа дека во најдобар случај Мурињо би можело да игра со Џонс и Блинд како стопери, Дармијан повторно ќе го менува повредениот Валенсија, додека нападот би можело да го предводи Маркус Рашфорд.
Сега тимот на Јунајтед би можело да изгледа вака: Де Хеа – Дармијан, Џонс, Блинд, Рохо – Погба, Ерера – Лингард, Мата, Јанг (Марсијал) – Рашфорд.

Најнови вести