Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2016

Салах дефинитивно ќе го пропушти дербито

Мохамед Салах дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Лацио, соопштија од Рома.

Во недела, од 15 часот, на програмата е новото големо дерби меѓу Лацио и Рома. Се верува дека ќе биде многу интересно, двете екипи се наоѓаат во одлична форма и на табелата ги дели само еден бод.
Рома моментно е третопласирана со 29 бодови и е домаќин на овој натпревар.
„Волчицата“ ќе има и еден сериозен кадровски проблем, на натпреварот нема да може да настапи Мохамед Салах, египетскиот фудбалер кој се повреди на тренингот.
Салах е повреден од страна на Томас Вермелен, а Рома се огласи со соопштение.
„На вчерашните испитувањата е утврдено оштетување на лигаментите на десниот глужд, а денес на Салах ќе му бидат направени нови тестови коишто ќе го одредат периодот за закрепнување“, пишува во соопштението на официјалната интернет-страница на Рома.
Салах се очекува да се врати до Нова година.

Најнови вести