Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2016

Натпреварите од Лигата на шампионите во два термини

Европската фудбалска асоцијација соопшти дека од 2018 година натпреварите во Лигата на шампионите ќе се играат во термините од 19 и 21 часот.

Во соопштението се наведува дека два натпревари ќе се играат од 19 часот, а шест од 21, што според УЕФА ќе им овозможи на љубителите на фудбалот да гледаат повеќе натпревари.
Извршниот одбор на седницата во Нион ја усвоил оваа одлука, што значи дека уште наредната сезона мечевите во најелитното клупско натпреварување ќе се играат во досегашниот термин од 20:45 часот.
Соопштено е дека четирите првенства со најголем коефициент на успех – шпанското, англиското, германското и италијанското од 2018 година ќе имаат по четири гарантирани места во Лигата на шампионите. 
Новина е и дека од 2018 само две екипи кои не се шампиони на своите држави ќе учествуваат во групната фаза. Шампионите кои би биле елиминирани во раните квалификациски фази ќе имаат втора шанса и ќе бидат префрлени во квалификациите за Лигата на Европа.
УЕФА соопшти и дека наградниот фонд за Лигата на Европа ќе биде зголемен за 50 милиони евра со пренасочување на средствата од Лигата на шампионите.

Најнови вести